ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА И ДОСТАВА НА ANDROPEAK
ВЕРЗИЈА 2021 година

Ве молиме внимателно прочитајте ги Условите за користење. Со користење и посета на страниците на www.аndropeak.mk и нивната содржина, се подразбира дека свесно ја прифаќате истата, како и сите последователни промени, без претходна најава и известување. Доколку не ги прифаќате овие услови на користење без ограничувања, Ве молиме да не ја користите нашата интернет страница. 

Вие како корисник сте обврзани да ги прочитате Условите за користење, а вашата посета/користење на страницата се смета за целосно прифатена. Не користете ги услугите на начин на кој некој може да биде повреден или материјално оштетен. За сите производи понудени на сајтот постои објавена слика и основен опис на производот. Овие услови го регулираат процесот на нарачување, плаќање и испорака на производи што се продаваат преку нашиот онлајн продавач.

  1.  Контакт

телефон: 072 228 043

Mob., Viber, WhatsApp: 072 / 228–043

E-mail адреса: dmfarmacy@gmail.com

  1.  Општи правила и услови за користење на www.andropeak.mk

Купувачот ги разбира и ги прифаќа правилата дека услугите и информациите на web страницата се приложуваат такви какви што се. За да се користи www.andropeak.mk ,купувачот мора да има пристап до интернет дирекно или преку некој друг уред кој има пристап до интернет. www.andropeak.mk не презема никаква одговоронст за нарушувањата или техничките  проблеми (предизвикани од електронските апарати на корисникот) кој ја попречува употребата на web страницата.

  1.  Референци

Производите се нарачуваат со избирање, со користење на менито “кошничка” и пополнување на електронски формулар. Ако нарачаниот препарат не сме во можност да Ви го доставиме, ќе бидете контактирани во најкраток можен рок и во договор со Вас ќе ви биде понудена замена или ние ќе го отстраниме препаратот од Вашата кошничка во договор со Вас. Вашата моментална нарачка е прикажана на страната “Моја сметка”. Оваа страна покажува детални информации за препаратот, количината и цената. Сите препарати што сте одлучиле да ги купите се наоѓаат на страна наречена “кошничка“.

  1.  Испорака

За потрошувачите од цела Македонија, доставата е бесплатна за сите нарачки  Нарачаните/Купените производи ги испорачуваме преку курирска служба со која имаме договор за деловна соработка, на начин како што е дефиниран на страната. Нарачките комплетирани пред 13 часот се доставуваат за 24 – 48 часа (во работни денови). Нарачките направени после 13 часот пристигнуваат за 48+ часа. Исклучоци од ова правило се празници и неработни денови.

Нашата фирма не презема одговорност во случај на задоцнување во испораката поради неточна или нецелосна адреса, виша сила или сообраќајни проблеми. Испорака на роба е можна само на територија на Република Северна Македонија, на адреса наведена во нарачката.

  1.  Одговорност на корисникот при регистрирање

Кога се користи web страницата, корисникот е должен да обезбеди точни и прецизни лични информации кога ќе пополнува формулар за регистрација или/и нарачка. Доколку се дадат погрешни, лажни или нецелосни информации, www.andropeak.mk го задржува правото за нивно поништување и бришење. Сите дадени податоци се заштитени со закон и можат да се прочитат во политика на приватност.

  1.  Купување на производ од www.andropeak.mk

Купувачот има можност за купување производ од асортиман на www.andropeak.mk. Кога се прави нарачка купувачот може да одбере производ(и) и количина според можностите на web страницата, исто така може да го смени производот во било кое време ПРЕД да го реализира плаќањето односно нарачката.

  1.  Плаќање на производот

Сите цени на оваа web страна се конечни на денот на нарачката и во нив веќе е вклучен ДДВ. Сите цени се изразени во денари.

Плаќањето на производите се врши со:

  1. кредитна/дебитна картичка,
  2. во готово, на врата, при превземање на пакетот од курирската служба што ја врши доставата.
  3.  Информации за производот

Информациите за производите понудени на web страната се преземаат од декларацијата за поединечни производи, прирачници за внатрешен производ или преземени од материјали (брошури, летоци, веб-страници) кои ги уредува производителот, увозникот или снабдувачот на одреден производ. Ние се стремиме да обезбедиме што е можно попрецизни и подетални информации за одреден производ. Го задржуваме правото на грешка во описот или фотографијата на секој производ.

Откако ќе купите било кој производ од оваа web страна, препорачуваме внимателно да ги прочитате упатствата на производителот и да ги употребувате производите онака како што е назначено во приложеното упатство.

  1.  Изјава за безбедност

www.andropeak.mk е обврзана да не злоупотребува лични информации од формуларот за нарачка. Личните податоци се сметаат за сите податоци што го идентификуваат идентитетот на купувачот (на пример, име и презиме, адреса за е-пошта, адреса на живеење итн.). и  нема да обезбеди или открие информации за клиентите на трети лица.

  1.  Безбедност на податоците

Сите информации за клиентите се строго чувани и достапни само на вработените нa кои им се потребни овие информации за да ги извршуваат своите активности. Сите вработени  и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста. www.andropeak.mk е посветена на обезбедување на заштита на личните податоци на корисникот на начин што собира само основни информации за клиентите кои се неопходни за исполнување на обврските.

Во случај на промена на некој од личните податоци (на пример: местото на живеење, адресата за испорака) која е регистрирана при регистрација, купувачот е должен да ја извести www.andropeak.mk за секоја промена.

  1.   Други услови

Условите за продажба може да бидат променети и без претходна најава. Сите потврдени нарачки ќе бидат доставени под условите што важат во моментот на потврдување на нарачката. www.andropeak.mk го задржува правото да не спорачува препарати врз основа на нарачки со нецелосни и/или неточни информации/податоци.

Врз основа на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи (Службен весник на РМ бр. 38/04, 7/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18)  www.andropeak.mk  своите ценети потрошувачи кои купуваат роба преку интернет сајтот ги известува дека:

  • продажбата преку интернет страница www.andropeak.mk се извршува во рамките на регистрирана дејност со адреса за пријавување на рекламација е dmfarmacy@gmail.com
  • купувачи можат да бидат физички и правни лица;- дека основните обележја на производите можат да се најдат на интернет страницата www.andropeak.mk
  • по Законот за заштита на потрошувачите (Службен весник на РМ бр. 38/04, 77/07, 103/08, 24/11, 164/13, 97/15, 152/15 и 140/18) купување преку наша продажна интернет страница се смета за продажба на далечина,
  • производите, кои се продаваат на интернет страницата поседуваат својства потребни за редовна употреба на тој вид на производите во согласност со нивната намена која е дефинирана во Декларацијата,
  • продажна цена на производите е назначена на секој артикал,
  • сите цени се изразени со пресметан ДДВ, 
  • купените производи ги испорачуваме најдоцна во рок од 48 часа по пат на курирска служба,
  • можноста за купување на производи со посебни ценовни погодности и/или со посебни продажни поттикнувања (акциска продажба), се извршува во согласност со условите кои се објавени на интернет страницата 
  • купувачот при креирање на нарачката, со притискање на копчето ПОТВРДИ презема одговорност за плаќање на нарачаните производи,
  • соодветноста на производите од договорот ИСКЛУЧИВО се утврдува по својствата и намената на производите како што е тоа дефинирано на Декларацијата која им припаѓа,
  • интернет продавницата е должна да ги испорача производите кои се соодветни на договорот. Ако испорачаните производи не се соодветни на договорот, потрошувачот кој го известил продавачот за несоодветноста, има право да бара од продавачот да ја отстрани несоодветноста, без надомест, со поправка или замена, односно да бара намалување на цената или да го раскине договорот во поглед на тие производи. Сите трошоци кои се неопходни за производите да бидат соодветни со договорот, а посебно трошоци на работење, материјал, преземање и испорака, ги сноси интернет продавницата 
  • доколку во случај на прием на производите, ако купувачот истите не сака да ги задржи, има право на откажување од договорот и поврат на средства во висина на платената купопродажна цена за предметните производи (со исклучок на членот 96 од Законот за заштита на потрошувачи),
  • за производите кои се порачани по пат на интернет продавницата купувачот има право да изјави рекламација на веќе користен производ, на начин кој е дефиниран за производите купени по пат на интернет продавница. Начин и постапка на изјавување можете да ја најдете на страната за рекламации.

ПОДАТОЦИ ЗА ТРГОВЕЦОТ:

ДТПУ ДМ Фармаси Интернационал ДООЕЛ

  1.  Според законот за лекови и медицински помагала(Службен весник на РМ, бр. 88 од 28.05.2015 година) „Се забранува промет преку Интернет со лекови кои се издаваат на рецепт, каков било промет со фалсификувани лекови, како и промет со лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани. Директорот на Агенцијата го пропишува начинот на идентификација на фалсификуваните лекови, нивното отстранување од промет, информирањето на надлежните институции и медицински центри и нивното уништување.“